skip to Main Content

„Титаник“: Протоѓер и наложува на Јанкулоска да истражува дали Црвенковски има куќа во Корчула

„Титаник“: Протоѓер и наложува на Јанкулоска да истражува дали Црвенковски има куќа во Корчула
  • 17.08.2018

По паузата, во Кривичниот суд попладнево продoлжи преслушувањето на „бомбите“ во предметот „Титаник“, а во една од нив можеше да се слушне како Мартин Протогер, и наложува на тогашната министерка Гордана Јанкулоска за време на изборната кампања за изборите во 2011 година, да ги искористи своите врски за да провери дали сопругата на тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски има куќа на хрватскиот остров Корчула.

– Ова може да направи пресврт во кампањата, и види побрзо, зошто ме чекаат од Дневник да им кажам, и вели Протугер на Јанкулоска.

Јанкулоска потоа му кажува дека се јавила во Србија, по што ѝ било потврдено дека таму живее семејство со исто презиме, а  потоа и се потврдило дека се роднини.

Преслушувањето на необјавените бомби  продолжува во судницата на Основниот суд.

Back To Top