skip to Main Content

Јанева: Некој свесно сакаше да го растури СЈО – Има ли случај без Катица?

Јанева: Некој свесно сакаше да го растури СЈО – Има ли случај без Катица?
  • 23.07.2019

„Од моментот на мојот избор за СЈО мојот професионална биогрифија приватниот живот се цел на обиди на препукувања и политички инволвирања“ рече Катица Јанева, обвинителката во оставка, на денешната прес конферениција.

– Свесна бев дека ќе бидат цел на напади за дикредитација, но повикот да се биде на чело на СЈО за мене е сериозна чест и голема одговорност, рече таа.

„Ви се извинувам што свесно оставив да не излезам во јавноста со коментар за „Рекет“ зашто не сакав да оставам впечаток дека се мешам во истрагата.

Во врска со наводите, индициите или неофицијалните информации кои се упатуваат на мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ ја користам оваа прилика да го изјавам следното: Најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно ниту со сторување ниу со несторување не сум ја злоупотребила должноста што ја извршувам во моментов. Јавно ги охрабрувам правосудните органи до крај да ги расчистат сите околности за конкретниот случај, рече Јанева.

Точно е дека многу лица од јавниот и политичкиот живот се познаваме со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ и дека на дневна основа комуницира со лицето, но тоа не значи дека некој стекнал право да ја злоупотребува мојата службена должност и овластување за евентуално да остварува привилегии и незаконити дејства, рече Јанева и додаде дека очекува транспарентна постапка за да се стави крај на сите неофицијални информации, со кои „некој се обидува да им нашетети на мојот углед и чест“.

Back To Top