skip to Main Content

Јанева и денеска останува во болница

Јанева и денеска останува во болница
  • 11.10.2019

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и денешниот ден ќе го помине во болница.

Јанева, вчера, поради влошена здравствена состојба била однесена на интернистичко кардиолошки преглед во ПЗУ Жан Митрев.

Примена била со болка во градите, како пациентка во високоризична група, со хипертензија, и се третира како пациент во прединфарктна состојба.

Поради потребата од дополнителни искедувања и коронарографија задржана е на болничко лекување во ПСУ Жан Митрев.

Back To Top