skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Јанева во „Правда и неправда“: Немам доверба во Врховниот суд и неговиот претседател Вангеловски

Јанева во „Правда и неправда“: Немам доверба во Врховниот суд и неговиот претседател Вангеловски
  • 30.01.2019

Специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека се надева дека СЈО набрзо ќе ја добие конечната верзија на законот со која ќе се дефинира автономноста и финансиската независност. Таа очекува дека ќе соработува со Обвинителството за организиран криминал и испреплетени надлежности по одредени предмети.

За Врховниот суд и неговиот претседател Јово Вангеловски, Јанева вели дека воопшто нема доверба во него. Посебниот извештај на СЈО, во кое се посочени четворица судии, меѓу кои и Вангеловски, за директна вмешаност со извршната власт, специјалната обвинителка оценува дека тој најмногу „мешетарел“ меѓу судиите од Врховен и извршната власт, за активни предмети кои се уште се водат, а неговиот глас се слуша во „бомбите“.

-Се чудам како до сега моралниот интегритет на врховниот судија Вангеловски не влијаел на тоа веќе да даде оставка и дури се охрабрува по толку време да одржи општа седница на Врховен за апсолвирано прашање, изјави Јанева и додаде дека тој не постапува професионално и ја манипулира јавноста.

Во врска со истрагата за поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски, Јанева вели дека предистрагата е во полн ек и од форензичката лабораторија во Германија е доставен и вториот телефон за кој СЈО барал вештачење.

-Истиот е предмет на анализирање на пораките. За сега има импликации, колку што сум известена од тимот, за злоупотреба на службената положба и овластување во моментот кога бил претседател на судот, но дали имаме надлежност, се уште немаме такви разговори. Мислам дека до следниот извештај на 15 март ќе имаме завршена предистрага, а можеби и јавнообвинителска одлука, рече Јанева.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top