skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Јанева во вторник на распит за „Рекет“, им се заканувала на специјални обвинители?

Јанева во вторник на распит за „Рекет“, им се заканувала на специјални обвинители?
  • 15.08.2019

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вторник е повикана на распит за случајот „Рекет“, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Инаку, дел од медиумите јавуваат дека Јанева, откако се врати од одмор во понеделникот, ги собрала специјалните обвинители и им се заканила дека доколку таа пропадне, ќе ги повлече и нив заедно со неа и наводно дека ќе измисли работи за нив, само за да ги оцрни.

Тензијата во СЈО дополнително се зголемила по денешната одлука на Јанева секој кој влегува и излегува од СЈО да биде претресен, за што и јавно посведочи и обвинителката Фатиме Фетаи.

Во ОЈО денеска беше одложено сведочењето на обвинителот Бурим Рустем од СЈО за случајот „Рекет“ за утре поради денешното рочиште за предметот „ТНТ“ каде тој го застапува обвинението.

Рустеми потврди дека исказ за „Рекет“ ќе даде утре во 12:30 часот.

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Back To Top