Јанакиески од притвор е префрлен во „8 Септември“

Миле Јанакиески и Спире Ристовски, осомничени за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017, кои вчера добија 30 дневен притвор и беа однесени во затворот Шутка, денеска биле физички нападнати во затворот. Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека Јанакиевски е префрлен во болницата „8 септември“, лекарите ги констатираат неговите евентуални повреди.
Сериозни повреди немало, а биле нападнати и од други притвореници. Изворите брифираат дека се претепани од Есад Кафеџоли и од Лирим Красниќи од кумановска група.
Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека од затворот им доставиле известување дека се случил физички инцидент и судија при Кривичниот суд утре при редовна посета ќе констатира што точно се случило, информираат од скопска единица за 1ТВ.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.