skip to Main Content

Јанакиески и Ристовски ги испровоцирале двата инциденти во Шутка

Јанакиески и Ристовски ги испровоцирале двата инциденти во Шутка
  • 21.02.2019

На ден 21 февруари 2019 година околу 13 часот за време на редовна прошетка на притвореници дошло до вербален инцидент предизвикан од лицето С.Р. кон лицето Л.К. кој подоцна преминал во лесна физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

Околу 13.45 часот, повторно за време на редовна прошетка на притворениците дошло до друг вербален инцидент предизвикан од лицето М.Ј. кон лицето Е.К. кој подоцна преминал во физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

За двата инциденти прибрани се писмени изјави од очевидци и известен е надлежниот суд.

После инцидентите за лицата С.Р. и М.Ј. веднаш се обезбедени прегледи и соодветна грижа од домскиот лекар после што лицето С.Р. не побарало дополнителна медицинска помош, а лицето М.Ј. се пожалило на болки поради што е упатено кон болницата 8 септември.

Управата на истражниот затвор Шутка најостро ги осудува ваквите вербални и физички инциденти и порачува дека насилството нема да се толерира и истото најостро ќе се санкционира. Истражниот затвор ќе ги преземе сите мерки и активности извршителите на физичко насилство да бидат соодветно санкционирани и во иднина, како и денес, ќе продолжи да постапува професионално и според сите мерки за безбедност предвидени во вакви ситуации.

Нападнатите лица ќе бидат понатаму згрижени и заштитени без опасност по нив, согласно процедурите на установата. Управата на Затворот апелира да се следат официјалните информации и да не се подлегнува на шпекулации.

Back To Top