skip to Main Content

Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор

Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор
  • 27.11.2018

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски остануваат во притвор во „Шутка“.

– Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни седници од 26.11.2018 година, на ден 27.11.2018 година донесе одлуки со кои жалбите на обвинетите Миле Јанакиески од Скопје и Кирил Божиновски од Скопје, изјавени преку нивните бранители ги одби како неосновани и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје I Скопје, со кои на обвинетите им е определена мерка притвор, соопштуваат од Апелацискиот суд Скопје.

Обвинетите вчера на јавна седница пред судиите во Апелација побараа укинување на притворот.

Божиновски пред судиите посочи дека нема намера да бега, а како доказ за тоа го посочи тоа што 17 месеци ги почитува мерките на претпазливост определени од судот.  Според Јанакиески, при определувањето на мерката притвор институциите ги прекршиле законите, конвенциите и човековите права, како и дека СЈО требало да направи проверка со кабинетот на претседателот Иванов и да бидат проверени снимки од безбедносните камери за посетите кај претседателот.

Back To Top