skip to Main Content

Јанакиески бара Народниот правобранител да утврди автентичност на бомбите пред да се слушаат во судница

Јанакиески бара Народниот правобранител да утврди автентичност на бомбите пред да се слушаат во судница
  • 20.04.2018

Екс- министерот Миле Јанакиески на судењето за случајот „Топлик“, во кој тој е обвинет во постапката за изградба на Сончев град, побара да се утврди автентичноста на снимките пред да се пуштат во судница и рече дека за ова се обратил до Народниот правобранител.

„Барем десет пати побарав од СЈО да ми ги достават сите записи од моите прислушувани разговори, но одговор не добив. Затоа се обратив до Народниот правобранител и тој ја побара информацијата од СЈО. Му одговорија дека доколку во листата се утврди дека мојот број бил прислушуван ќе бидеме известени. Ова значи дека се уште не е утврдено дали воопшто сум бил прислушуван. Токму затоа бараме автентично толкување на разговорите“ – рече Јанакиески во судница.

Back To Top