skip to Main Content

Јакимовски се сомничи за неактивирање банкарска гаранција, тој вели дека се работи за грешка

Јакимовски се сомничи за неактивирање банкарска гаранција, тој вели дека се работи за грешка
  • 07.08.2018

Стевче Јакимовски ќе мора да се појави на разговор во полиција. Како што самиот им соопшти на медиумите, дознал дека веќе има решение за неговото приведување. Повеќе од три часа финансиската полиција врши претрес во неговиот дом, но и во домот на неговите деца. Јакимовски на медиумите им кажа дека не е виновен за ништо и дека не правел финансиски малверзации, а дека овој претрес е политичка одмазда. Поранешниот градоначалник на медиумите им објасни дека финансиската полиција бара докази за финансиски малверзации поврзани со три тендери, од кои два за општинската барака и една за плоштадот во Жданец. Како што рече Јакимовски, ангажираната фирма не ги исполнила одредбите од договорот и поради тоа морале да го раскинат истиот, но вработените во општината заборавиле да ја активираат банкарската гаранција. Според Јакимовски се рабооти за техничка грешка, а не и за криминал.

За потсетување, кривичните пријави кои претходно ги поднесе финансиската полиција, меѓу која и онаа за мостот ОКО во која се терети поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, исто така се однесуваат на злоупотреба направена поради неактивирање на банкарски гаранции по раскинување на договор, со што парите завршувале во буџетите на фирмите чии договори веќе биле раскинати, а не во буџетите на општините.

Back To Top