skip to Main Content

Јавна седница на Државната изборна комисија

Јавна седница на Државната изборна комисија
  • 22.01.2019

Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која, како што е најавено, треба да бидат разгледани и освоени процедури и правилници за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи; за постапување по пригоивори од страна на стручната служба на ДИК и за набљудување на изборите и изборната постапка.

На дневен ред, исто така, ќе се најдат и информациите за извршени плаќања по обврски од референдумот и тоа прелиминарниот извешај по обврските за спроведување на Референдумот 2018 година и на изборната администрација и помошните тела кои не добиле надоместок за спроведените избори во 2016 и 2017 година.

На седницата, како што информираат од ДИК, ќе биде разгледана и предлог програмата за задолжителна едукација на општинските изборни комисии, избирачките одбори за гласањето во Република Македонија и избирачките одбори за гласањето во странство.

Back To Top