skip to Main Content

Јавната расправа за уставните амандмани започнува од Скопје

Јавната расправа за уставните амандмани започнува од Скопје
  • 04.12.2018

Јавната расправа за уставните амандмни започнува утре од  Скопје. Првата ќе се одржи во Владата на Илинденска број 2, откако по тридневна расправа народните избраници ги усвоија четирите нацрт – амандами за промена на Уставот. Наредните ќе се организираат на ФОН, МАНУ но и на други универзитетски центри низ државава.  Учество ќе земат експерти, невладини организации, граѓани.

Јавната расправа освен во Скопје. МАНУ или на некој од универзитетите во Скопје терба да се одржи и во други градови на Р Македонија и најверојатно така ќе биде. Ги разговаравме и другите универзитетски центри, прелиминарно  како Битола, штип, Тетово, со вклучување на целата експертска јавност, професори по уставно право и други професори, организации и сите што сакаат да присуствуваат и да дадат савој придонес, рече Јован Митревски од СДСМ.

Јавната расправа ќе трае пет работни дена. И на неа ќе се објаснуваат амандманите. Сите произлезени сугестии и корекции, во духот на Преспанскиот договор, можат да бидат вградени во уставните амандмани, велат од собраниското Тело за помирување. Владата како предлагач на уставните измени во рок од два дена треба да подотви извештај. Собранскиот спикер Талат Џафери потоа е должен во рок од 30 дена да закаже седница за финално носење на амандманите, за што повторно, како во првата фаза, е потребно двотретинско мозинство. Оваа трета фаза со која треба да финишира постапката за уставните измени произлезени од Договорот од Преспа, ќе се одвива некаде во деновите меѓу  15 и 30 јануари. На текстот на предлогот на амандманите на Уставот – предлагачот, секој пратеник, работно тело и Владата, можат да поднесат амандмани најдоцна осум дена пред седницата на Собранието на која ќе се усвојуваат амандманите на Уставот.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top