skip to Main Content

Ѓошевски – Леви: Латас и Ивона се шетаа низ Собранието и правеа селфија!

Ѓошевски – Леви: Латас и Ивона се шетаа низ Собранието и правеа селфија!
  • 29.11.2018

На денешното рочиште за настаните од 27 април судијката Добрила Кацарска го праша шефот на обезбедувањето на тогашниот претседавач Трајко Вељаноски како е можно полициски службеник да ја спроведува толпата и да ги насочува каде да се движат, како што било видено и на снимките кои се гледаа во судницата.

„На снимките видовме дека се знаете со Никола Митревски-Кољо, но кажете ми колку добро се знаете со обвинетиот, за да му го покажувате патот и пред вас, висок полициски службеник, со нога да крши врата, а вие ништо да не правите“, го праша Кацарска Ѓошевски, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Ѓошевски со одговор дека го знае Кољо оти пред да работи во Собранието, бил во одделот за недозволена трговија во Автокоманда и таму го знае неговото име и презиме и тврдеше од говорницата за сведочење дека не го насочувал него и насилниците и само му кажал на Кољо дека вратата која тој ја скршил не се отвора со клуч, туку е електронска.

На прашањето дали познавал други лица од толпата која влезе во Собранието на 27 април лани, Ѓошевски со одговор:

„Познав јавни личности кои сите ги знаат, но со никој од нив не е пријател. Ги знам како и јавноста. Латас и Ивона Талевска и други се шетаа низ Собранието и правеа селфи пред кабинетот на Вељаноски. Вода лично јас не делев на толпата, туку ја извадивме од бифето и ја ставивме во ходникот за да не го уништат“, одговараше Ѓошевски.

Кацарска го праша дали смета дека таа вечер постапил според овластувањата и задачите на висок полициски службеник на што Ѓошевски со одговор дека лично мисли дека постапката е според неговите овластувања, односно Вељановски да биде безбеден.

Back To Top