skip to Main Content

На истражувачкото новинарство во Македонија му недостигаат време, пари, нерви и професионалност

На истражувачкото новинарство во Македонија му недостигаат време, пари, нерви и професионалност
  • 27.04.2018

Новинарките Жаклина Хаџи-Зафирова од Центарот за истражувачко новинарство SCOOP, и Кристина Озимец од ПИНА, платформа за истражувачко новинарство, беа гостинки во најновото издание на „Уреднички брифинг“ со Ацо Кабранов.

За истражувачкото новинарство треба многу време, пари, но и нерви. Не е само до сопствениците на медиумите зошто има малку истражувачко новинарство кај нас.

Озимец потсети дека на фестивалите на новинарството во светот сме познати по лажните вести, кои ја „прославија“ Македонија.

Хаџи-Зафирова потенцираше дека документарците во продукција на SKOOP имале одлични озѕиви во јавноста, но е исклучително тешко да се најдат добри истражувачки новинари во Македонија.

Достапот до информациите во државните институции во изминатава деценија, но и сега, се затворени, па ги претвараат новинарите практично во – писари. Се уште со дел од институциите недостига жив контакт, и институциите сакаат да скријат дел од иннформациите, повикувајќи се на законскиот рок од 30 или 50 дена за да одговорат на бараните информации.

Од друга страна, пак, дел од новинарите се плашат да побараат информации од владините институции, што е децениска пракса на самоцензура.

Хаџи-Зафирова посочи дека изминативе години дел од сториите на SCOOP предизвикале судски процеси, иако во фокусот на истражувањата биле системските појави, а не само личности.

Озимец приметува дека иако се забележува подобра транспарентност на актуелната влада, сепак нејзиниот ПР се обидува да ја наметне нејзината агенда, па во неокои ситуации и спинува информации.

Иако во македонското новинарство недостига професионалност, соговорничките се согласуваат дека кај нас постепено се нормализира ситуацијата, но интернет просторот и натаму полн со говор на омраза.

Во рамки на „Уреднички брифинг“ беше прикажана и документарната истражувачка сторија на SCOOP за депонијата Дризла.

Back To Top