skip to Main Content

Шекеринска: Јас лично бев жртва на Груевски, ДА – за амнестија за 27 април во која нема да бидат вклучени организаторите

Шекеринска: Јас лично бев жртва на Груевски, ДА – за амнестија за 27 април во која нема да бидат вклучени организаторите
  • 04.01.2019

Минатата година заврши со егзекуција на правната држава, амнестии, се поклопи пуштањето од притвор на високо осомничени за криминали. Ја губи ли Владата поддршката од граѓаните? Гостинка во Централниот дневник на 1ТВ со уредникот Сашо Ордановски беше потпретседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

„Заедно со многу граѓани бевме на улица и успеавме со пенкало да победиме. Некои со крв, но повеќето со пенкало. Сметаме дека имаме морално право да кажеме да – за амнестија врзана за 27 април во која нема да бидат вклучени насилниците и организаторите. Ниедна промена не е лесна ни безболна. Но сметаме дека амнестијата за одреден дел од учесниците на 27 е април е цена која што  ние ќе ја платамие, но се е за повисока цел – евроинтеграции.

На прашањето дали е задоволна од работата на Јавниот обвинител имајќи го предвид бегството на Груевски, Шекеринска со одговор:

„Јас лично бев директна жртва на Груевски. Ништо не му должиме и немаме ниту потреба ни логика да правиме дил со таков човек. Јас сум нестрплива, но понекогаш правдата е спора. Јaс повеќе би сакала и очекувам од обвинителот да добиеме точнeн извештај и истрагата да докаже кој се бил соучесник, а со тоа да се спречи повторување на ваков случај. Не ни е цел да ја спасиме државата а да ја изгубиме правдата.

Околу претстојните претседателски избори, Шекеринска смета дека опозицијата не сака да си ги измери силите на избори и дека е можно шансата да ја бараат преку бојкот.

„Според минатато искуство тие ќе продолжат да се однесуваат неодговорно“, додава министерката за одбрана.

На прашањето за евентуалната нејзина кандидатура за иден претседател на државата Шекеринска смета дека се додека не се ратификува договорот во Македонија и Грција и потоа влезот во НАТО е неодговорно да се фокусираме на други теми.

„Овие 4 години целта ни беше да ја ослободиме државата од режимот и фокусот ни е во евроинтеграциите. Во овој момент не размислувам и немам право да размислувам за личните амбиции“, изјави министерката.

Целиот разговор со потпретседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска погледнете во видеото:

Back To Top