skip to Main Content

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив
  • 13.10.2019

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, преку Фејсбук реагираше на „бомбата“ на Ел Чека за нејзиниот разговор со Фатмир Бесими во 2013.

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013.

Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти“, напиша Шекеринска.

Back To Top