Чуму се враќа на 1ТВ – една деценија откако Груевски одлучи да се укине (Видео)

Оваа година 5о години активно новинарство започнато во екс југословенските времиња и тоа во сите жанрови – радио, телевизија, неделници, гостин уредник на „Дојче Веле“ и преку 15 години дописник на германската радиостаница од Македонија и регионот. Врвиците на новинарството ги започна како еден од иницијаторите и главен уредник на слободарскиот весник на младите „ФОКУС“ до Скопје, на почетокот од седумдесетитте. Потоа во Радио Скопје од неговите највлијателни денови на вестите и информациите, како водител и уредник на Радио дневник и саботниот петчасовен „Спектар“, една од култните отворени програми на осумдесеттите и почетокот на осамостојувањето. Потоа се ориентира кон сликата и тонот.
Подоцна започнува со ТВ новинарство во МТВ, по враќањето од Келн и работата во „ДВ“. Потоа во ТВ А1 до нејзиното затворање, Телма, па еден период вракање во МТВ. Негови поединечни и тимски проекти се „ЧУМУ“, Студио Два, „Топ Тема“, „АКО е со Чом“… Во неговиот опус се и долгогодишната соработка на анлитичар и колумнист во „ПУЛС“, „Време“ и „Коха“.
Мото: еднаш новинар – секогаш информација.
Од сите позиции – главен уредник, водител, коментатор и аналитичар најважните пориви ги бара во тимската работа, ентузијазмот и непристрасноста.
Најпредизвикувачки биле времињата на кризи – повлекувањето на ЈНА од Македонија, војната на Косово и оружените судири во Македонија.
„Чуму“- авторската емисија на Александар Чомовски, која со доаѓањето на власт на Груевски беше укината, ќе се емитува на 1тв еднаш неделно и ќе опфаќа политички и општествени теми.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.