skip to Main Content

„Чуму“ се враќа во етерот на 1ТВ, со домаќински муабет и социјално-граѓански теми

„Чуму“ се враќа во етерот на 1ТВ, со домаќински муабет и социјално-граѓански теми
  • 04.09.2018

„Чуму“ на Александар Чомовски се враќа во етерот во новиот формат 1ТВ, со предизвик за иновативност, но и со носталгија. 1ТВ крие потенцијал за нови жанровски форми и за нов тотален телевизиски израз, вели Чомовски.

-На „Чуму“ повеќе од носталгијата, ме враќа потреба да го ребрендирам како нова македонска агора, античка сцена во којашто полемизираат умови и креатори, а сите што ќе ја следат треба да бидат учесници, не само на навивачко ниво, туку на еден општ, харизматичен и комуникативен јазик, вели Чомовски.

-Јас ќе се обидам да го внесам домаќинскиот муабет во телевизискиот жанр, вели Чомовски и додава дека предизвикот што ни претстои е да го вратиме граѓанскиот ментален склоп.

1ТВ со „Чуму“ ги враќа во етерот социјално-граѓанските теми, преку демистификација на политичките елити, кои се неопходни за државата и вистински израз на демократијата.

Back To Top