skip to Main Content

Чука ли вистина на вратата на ОЈО – што ќе се смени после исказот на Бојан Јовановски

Чука ли вистина на вратата на ОЈО – што ќе се смени после исказот на Бојан Јовановски
  • 22.09.2019

15 Јули 2019. Како бомба одекна веста дека на граничниот премин Богородица е уапсен Бојан Јовановски. Истиот ден вонредна прес конференција на Обвинителството за гонење организиран криминал. Главни актери Рускоска и Јовевски.

Исход – Судот го прифати барањето на обвинителството за мерка притвор за Јовановски. Додека Јовановски го напушташе Кривичен во придружба на полиција, на скалите се сретна со обвинителката Вилма Рускоска која во тие моменти даваше изјава за медиумите.

„Извинете што ве прекинувам додека кажувате лаги“,се обрати тогаш Јовановски кон обвинителката Рускоска.

Повеќе од два месеца поминаа од тој ден. Бојан Јовановски не е викнат на распит. Во меѓувреме Боки 13 е во фокусот на сите новинари, полуновинари, луѓе кои што себе се нарекуваат новинари, писмени, полуписмени и неписмени. Се будиш Боки 13, пиеш кафе Боки 13, легнуваш Боки 13. Ти мијат шофершајбна на семафор Боки 13.

Како што поминува времето се појасно е дека Обвинителството оперира со мал број докази со кои што би ја потврдило пресудата напишана ….

Притискот кој што медиумите (дел од нив) го правеа и го прават, па дури и политичарите на кои што тоа не им е работа а се однесува како веќе да е напишана пресуда дека Бојан Јовановски е виновен, очигледно се одразува и на работата на Обвинителството.

Адвокатот Дуковски за Код ќе рече :

„Никој сега не се познава со Бојан Јовановски. Изгледа дека тој е некој вонземјанин кој дошол од вселената и одеднаш формира тоа што го формира. Формира Телевизија пошто е вака способен, формира невладина организација, сето тоа функционира, пари фрчат од сите страни и сето тоа сам го прави и никој нема во негова помош, никој не учествува во тоа. Така барем сака да се презентира. И сега никој него не го познава, вели Дуковски.

„Јас не познавам човек што така самостојно може да функционира, особено за вакви кривични дела. Со тоа не сакам да кажам дека некој друг е крив, но мислам дека е прилично безобразно да сега сите се ишкаат, самото познанство со Бојан Јовановски да го негираат. Тоа е едно бpyтално балканско однесување на лица кои исплашени за својата иднина – за да не бидат дел од некаква си постапка, одбиваат дека имале било каков контакт со Бојан Јовановски. Не именувам, но тоа е ноторна лага и бpyтална глупост“, додава тој.

„Имаме работа со прилично моќни луѓе и со луѓе од светот на политиката и високиот бизнис во Република Македонија, коишто се научени да пливаат многу лесно и многу успешно во целиот овој транзициски период и политички период, од осамостојувањето на Р. Македонија до денес. Очекувам и скоро сум сигурен дека ќе се обидат сите да ја стават евентуалната вина, која јас и мојот клиент во ниеден момент не ја признаваме, врз Бојан Јовановски, сѐ со цел да се тргне било каква одговорност од нив. На тоа ми укажуваат и исказите на веќе сослушаните сведоци“, вели адвокатот.

И за крај –  Чука ли вистина на вратата на ОЈО – што ќе се смени после исказот на Бојан Јовановски, останува да видиме.

Back To Top