skip to Main Content

Чавков однесен во притвор, планирал да бега

Чавков однесен во притвор, планирал да бега
  • 12.03.2019

На поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков му е одреден притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство и од пред половина час е во затворот во Шутка.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор по добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство. Притворот ќе биде во траење од 30 дена.

-По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка – Притвор. Кривичниот совет го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот со Решение му определи мерка – Притвор во траење од 30 дена, соопштија од Јавното обвинителство.

Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата.

Чавков веќе беше притворен за истиот предмет, но беше пуштен на 23 април 2018 да се брани од слобода со гаранција во недвижен имот.

Back To Top