skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Лука Кржалоски за нов претседател на УМС

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Лука Кржалоски за нов претседател на УМС
  • 02.04.2018

Лука Кржалоски, Владимир Нелоски и Иванка Василевска се нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката била изгласана на вчерашната седница на Централниот комитет на партијата.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со едногласна поддршка го изгласал Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Досегашниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски останува во највисокото партиско тело на партијата. Нелоски беше претседател на УМС четири години.

За нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изгласана е и професорката на Правен факултет, Иванка Василевска.

Во 2016 година, Кржалоски беше поставен за директор на јавното претпријатие „Службен весник“, а беше разрешен во јуни минатата година во првите месеци од работењето на новата владина коалиција.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top