skip to Main Content

Циклонот АНДРЕА се поблиску до нас, со себе носи СИЛНО НЕВРЕМЕ и град

Циклонот АНДРЕА се поблиску до нас, со себе носи СИЛНО НЕВРЕМЕ и град
  • 08.05.2019

До сабота иако атмосферата ќе биде малку постабилна сепак не се се исклучува можноста за локален краткотраен пороен дожд и грмежи особено во попладневните часови додека пак температурите ќе бележат тенденција на пораст и во сабота ќе бидат највисоки кога ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Од недела нашата територија ќе биде под влијание на новиот изразен циклон АНДРЕА кој ќе услови поинтензивни врнежи од дожд (локално над 30 л/м2 воден талог),  локално пак ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места пак се очекува развојот на нестабилноста да биде ИНТЕНЗИВЕН и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења како и со појава на град кој би можел да биде и интензивен. Од недела па натаму температурите повторно ќе бележат тенденција на опаѓање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека пак овчарите своите стада овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Силно невреме од викендов па натаму се очекува и во регионот.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top