skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бутарис: Заслужуваат пофалба обидите на двете земји за изнаоѓање решение за името
Обвинителството ги доби наодите од обдукцијата на пејачот Влатко Илиевски
Димитров од Приштина: Ајде да најдеме решение, за работата да не отиде во лош правец
Некои општини би презеле споменици од „Скопје 2014“, проблем е што се незаконски поставени
Сеад Кочан за „Труст“ доби затвор 6 години и забрана за вршење професија 3 години
BMJ Media Group ви најавува: Концерт на Марија Шерифовиќ на 3-ти август во Охрид!
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; NEOTEL

Цигарите на градоначалникот шверцер наменети за бугарски пазар – ОЈО бара притвор

Цигарите на градоначалникот шверцер наменети за бугарски пазар – ОЈО бара притвор
  • 11.07.2018

Боро Стојчев и неговите соучесници се обиделе да шверцуваат цигари во Бугарија преку див премин. Јавното обвинителство Струмица поведе постапка против градоначалникот на Ново Село и уште четири други лица за криумчарење и бара притвор за четворица, а забрана за напуштање на живеалиште и одземање на пасош за едно од лицата кои вчера биле фатени на делo. Неофицијално, дел од соулесниците се најблиските членови на семејството на Стојчев. Штеките со цигари во вредност од речиси 53 илјади евра, биле поделени во две возила и придружувани од еден мотор, но полицијата им го попречила патот до границата.

„Лицата се осомничени дека се обиделе да пренесат непријавена стока – цигари преку див премин на македонско-бугарската граница. Од страна на овластени полициски службеници биле откриени и сопрени на два километри од граничниот камен, при што во двете возилата со кои се превезувале им биле пронајдени 66 картонски кутии со околу 3.300 штеки цигари, во вредност од 3.245.589 денари. Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Струмица предложи определување мерка притвор за четири лица, додека за едно, од здравствени причини, се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во суд“ – се вели во соопштението од обвинителството.

За ова дело, предвидена е затворска казна од шест месеци до пет години. Претходно денеска, полицијата извести дека еден од осомничените се обидел да избега, но не успеал во намерата поради предупредувачките истрели на полицијата. Боро Стојчев доаѓа од редовите на СДСМ, а на градоначалничката функција седна во октомври лани. Во неговиот анкетен лист пријавил дека поседува само наследено земјиште и автомобил на лизинг, а целокупниот недвижен имот, три автомобили, како и пчели и крави се на име на неговата сопруга, децата или неговите родители.

Кристина Атовска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top