skip to Main Content

ЦИВИЛ: Графити на училиштата во кои се гласа во Јегуновце и Петровец

ЦИВИЛ: Графити на училиштата во кои се гласа во Јегуновце и Петровец
  • 30.09.2018

307 набљудувачи на ЦИВИЛ, на почетокот на референдумското известување забележале низа на пропусти со избирачкиот процес.

Оваа организициска единица информира дека во неколку избирачки места во општина Петровец, не работат УВ ламбите. Во неколку скопски општини се доцнело со отворањето на избирачките места. Оние избирачки места каде што доцнењето е подолго од 15 минути, истите се обрзани да го продолжат гласањето за исто толку време на тоа место.

Исто така ЦИВИЛ забележал кршење на изборниот молк во голем број од општините. Графити има на самите училишни згради каде што се одвива гласањето во Јегуновце и Петровец.

ЦИВИЛ ќе ја извести јавноста за сите овие нерегуларности во 10:30 часот во хотелот Сити Парк.

Back To Top