skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Докос за 1ТВ: Потребна е добра волја за спроведување на Договорот од Преспа
Нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа доставен во грчкиот Парламент
ОЈО го гони за убиство телохранителот на Мијалков
Анѓушев: Економијата ќе биде главен фокус на Владата за годинава
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија
Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Хуманата акција на 1ТВ и „Тинекс“ не запира – самохраниот татко Горан и неговите две деца добија храна и основни производи за живот

Хуманата акција на 1ТВ и „Тинекс“ не запира – самохраниот татко Горан и неговите две деца добија храна и основни производи за живот
  • 08.11.2018

Горан Ристоски е самохран татко на две деца. Живее во село Копанце, тетовско. Но топлина речиси и никогаш да не почувствувал. Во неговиот дом ги нема ниту некои од најосновните услови за живот.

Ја губи сопругата пред година дена по нејзината долгогодишна битка со болеста и останува сам со своите две деца и неговиот татко.

„Социјалната помош мене ми е тргната. Ми ја скратија зошто бев малку време вработен во Прељубиште, работев со градинарство. Јас неможев да работам заради раката и да ги сработам физичките работи. Животот е многу тежок. Ќерката ја имам изгубено кога имаше 16 години, сега и сопругата. И веќе не знам што да правам, раскажува Ристоски.

-Паметот ми е занесен, не ме држи. Со две деца треба да излезам на крај, многу требаат пари. Со тие пари од „ваму-таму“ што ги заработувам не се живее. Живеам со татко ми, но тој не ми ја дава пензијата. Со неа тој се прехранува. Едното дете ми е прва година а второто втора година. Немаат многу облека.

-Нешто ситно ми помогнаа од општината. Немаме облека, храна, прибор за домаќинство, бојлери, вратите не ни чинат. Требаат и кревети, шпоретот не чини, вели Ристоски.

Откако екипата на 1ТВ заедно со Соња Бојаровска, претставник на „Тинекс“ маркетите го посети нивното живеалиште во Копанце, семејството Ристоски ги доби и месечните ваучери, кои 1ТВ во соработка со „Тинекс“ ги доделува со рок од една година и обезбедување на сите потребни намирници.

Акцијата на 1ТВ и „Тинекс“ не застанува овде, а во рамките на Отвореното Студио 1 граѓаните ќе имаат прилика да видат кои се луѓето на кои им е неизмерно потребна помош за едно подобро утре.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top