Хан: Решениe за името во наредните две недели

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан очекува прашањето за името меѓу Македонија и Грција да биде решено во наредните 15 дена.
– Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе биде најдено решение за името или барем решение што ќе го отвори патот за почнување на пристапните преговори со ПЈРМ. Мислам дека сите се согласни оти тоа би било корисно за земјата и за целиот регион на Западен Балкан, рече Хан пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, објави ИБНА (Независната балканска новинска агенција).
Хан посочи дека Македонија успешно ја надминала длабоката политичка криза и направила прогрес во спроведувањето на реформите и воспоставуањето добрососедски односи, но предупреди дека останува уште многу да се сработи, пренесе МИА.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.