skip to Main Content

Хан на твитер: Ја поздравувам заложбата на Мицкоски да не ја опструира работата на Собранието

Хан на твитер: Ја поздравувам заложбата на Мицкоски да не ја опструира работата на Собранието
  • 07.11.2018

Комесарот за проширување и соседска политика , Јоханес Хан , на својот Твитер профил објави дека имал корисен разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. „Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграциите им е потребна лојална опозиција“, напиша Хан на Твитер по средбата со Мицкоски на маргините на самитот на Европските народни партии во Хелсинки.

Back To Top