skip to Main Content

Хан: Им се извинувам на граѓаните на Северна Македонија и на Албанија

Хан: Им се извинувам на граѓаните на Северна Македонија и на Албанија
  • 16.10.2019

Финското претседателство и еврокомесарот за проширување не ја криеја разочараноста од исходот на денешниот Совет за општи работи на ЕУ на кој европските министри не успеаја да постигнат консензус за одредување датум за старт на преговори со С. Македонија и Албанија.

-Сакам рандевуа, но не како ова денеска, ова не беше славен ден за ЕУ, не обвинувам никого. Сега работата е кај Европскиот совет. Денеска договор не беше можен, но огромно мнозинство членки поддржаа старт на преговори, не за првпат, туку за третпат за 16 месеци -изјави еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференцијата по завршувањето на Советот за општи работи.

Back To Top