skip to Main Content

Халворсен: Успешен референдум за исчекор во евроатлантските интеграции

Халворсен: Успешен референдум за исчекор во евроатлантските интеграции
  • 13.09.2018

Норвешка е посветен партнер и силен поддржувач на Македонија и на нејзината евроатланска интеграција, а  референдумот  очекува граѓаните да го изразат својот глас што ќе овозможи да се направи следниот исчекор во зачленувањето на земјата во евроатлантската заедница, порача државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен на денешната заедничка прес-конфернција по средбата во македонското МНР со неговиот колега државниот секретар Виктор Димовски.

– Особено ми претставува задоволство што сум тука во предвечерјето на историските настани што ќе се случат. Ова е многу важен следен чекор во овој процес. Се надевам дека македонските граѓани ќе го изразат својот глас на референдумот и дека тоа ќе овозможи да се направи следниот исчекор во зачленувањето на земјата во евроатланската заедница, рече Халворсен.

Димовски од своја страна истакна дека денешната средба е уште една потврда на долгогодишните пријателски односи и активна соработка меѓу двете земји.

Подвлече дека на средбата станало збор и за референдумот и изрази уверување дека оргомно мнозинство македонски граѓани ќе се изразат за стабилна, просперитетна и европска Македонија која рамноправно со останатите членки на европското семејство ќе гради успешно и просперитетно општество втемелно врз заедничките вредности на демократијата и почитување на човековите права и слободи.

На средбата станало збор и за билатералните односи меѓу двете земји. Двајцата соговорнци оценија дека Македонија и Норвешка имаат одлични билатерални односи, а рамка за нивното натамошно унапредување претставува Договорот за партнерство што министрите на двете земји го потпишаа минатата година во Осло.

– Нашата цел е да одржуваме редовен дијалог на широк опсег на прашања и ќе останеме посветен и силен партнер на Владата на РМ во нејзините реформски напори во рамки на евроатланската интеграција, рече Халворсен.

Државниот секретар во норвешкото МНР, Халворсен во рамки на неговата дводневна посета на Македонија утре ќе има средба и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Back To Top