ФТ: Црни денови ако се промени власта во С. Македонија – ЕУ би можела да го изгуби најголемиот сојузник на Балканот

Балканот би можел повторно да влезе во црни денови доколку власта во Северна Македонија биде сменета со тврдокорни националисти кои би се спротивставиле на договорот за спорот со името со Грција, пишува во анализа на угледниот „Фајненшл Тајмс“.
Според британскиот весник, француското „не“ ја торпедирало политиката на проширување на ЕУ , а според авторот на текстот, тоа може да предизвика дестабилизација во балканскиот двор на Европа.
„Ветото на Емануел Макрон за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за пристапување во ЕУ може да биде запаметено како историска грешка, која ќе ја ослабне Европа и која ги поткопува нејзините амбиции да стане геополитичка сила“, пишува во анализата на „Фајненшл Тајмс“ и дополнува дека Унијата би можела да го изгуби најголемиот сојузник на Балканот.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.