skip to Main Content

Француско МНР: Парламентот да се произнесе за уставните амандмани

Француско МНР: Парламентот да се произнесе за уставните амандмани
  • 02.10.2018

Гласачкото тело на Поранешната Jугословенска Република Македонија имаше можност на 30 септември да гласа на референдум за името и за иднината на земјата. Франција со задоволство констатира дека гласањето добро се одвиваше и го поздравува фактот што многу големо мнозинство од излезените гласачи искажаа поддршка за Спогодбата од Преспа и за приближувањето на нивната земја кон Атлантската алијанса и Европската унија, порача портпаролката на француското министерство за надворешни работи Ањес фон дер Мил.

-Сега Парламентот треба да се произнесе за уставните амандмани во врска со спроведувањето на Спогодбата, а врз основа на резултатот од референдумот.

Како што напомена Претседателот на Република Франција, Спогодбата од Преспа е добра како за земјата, така и за регионот и за Европа, се вели во соопштението што го достави француската амбасада во Македонија.

Back To Top