skip to Main Content

Франција ги кочи преговорите со ЕУ, одложување за половина година?

Франција ги кочи преговорите со ЕУ, одложување за половина година?
  • 12.10.2019

Франција стои цврсто на ставот дека пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија треба да се одложат за половина година додека не се воведе нова методологија во пристапниот процес. В понеделник ќе има уште еден состанок за усогласување на ставот за ова прашање на ден пред самитот на ЕУ, објави Радио Слободна Европа.

Отворањето на пристапните преговори меѓу Европската Унија и Северна Македонија и Албанија најверојатно ќе се одложи, најрано до следното лето, дознава РСЕ од дипломатски извори. Ова, како што јавува доиписникот на РСЕ од Брисел Ѓераќина Тухина, е последица од цврстиот став на Франција која не попушта во барањето да се смени методологијата во процесот на проширување пред да отпочнат преговорите со Тирана и Скопје.

Инаку, земјата претседавач со ЕУ, Финска повторно го измени нацрт заклучокот во петокот и го прилагоди според потребите на Франција. Во документот во кој имаше увид РСЕ стои дека првата меѓувладина конференција би се одржала „најдоцна во првата половина од 2020 година.“

 

Back To Top