skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Франција бара владеење на правото и продолжување на реформите во Македонија

Франција бара владеење на правото и продолжување на реформите во Македонија
  • 11.09.2019

Амели де Моншалин, државен секретар во француското Министерство за Европа и надворешни работи, во разговорот со министерот за надворешни работи Никола Димитров ја повтори француската позиција за приближување на земјите од Западен Балкан со Европската унија и особено ја истакна потребата за целосно почитување на владеењето на правото, што е во срцето на европските вредности и продолжувањето на реформите, јавува дописникот на МИА од Париз, пренесувајќи соопштение од француското Министерство за надворешни работи.

На средбата на Димитров и Де Моншален е направен преглед на европската перспектива на Северна Македонија.

„Државниот секретар во разговорот со шефот на македонската дипломатија потсети на заложбата на Франција да го поддржува одржливото стабилизирање, економскиот и социјалниот развој и зајакнување на владеењето на правото во Западен Балкан, потпирајќи се врз стратегијата на Франција за регионот“, стои во соопштението.

Back To Top