skip to Main Content

(Фото) Нов инцидент со автобус на „Дурмо Турс“

(Фото) Нов инцидент со автобус на „Дурмо Турс“
  • 15.02.2019

Нов инцидент се случил и денеска со автобус на „Дурмо Турс“ во Гостивар. Патниците тврдат дека се блокирале задните тркала, поради што автобусот оставил трага на кочење на автопатот.

За среќа нема повредени, но инцидентот предизвикал паника меѓу патниците кои утрово се качиле на редовната линија за Скопје. Сите на кусо морале да го напуштат автобусот и поради чувство на несигурност се оддалечиле од возилото.

Еден од патниците во автобусот бил Ферат Решани, кој тргнал во посета на свој колега, еден од повредените во несреќата кај Ласкарци.

„Дурмо Турс“ по трагичната несреќа продолжи да вози на редовните линии на релација Гостивар-Скопје-Гостивар и на другите релации надвор од Македонија, а на интернет страната нема известување за откажани автобуски линии.

Back To Top