skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Филипче: Има сериозни шанси изградбата на новиот Клинички центар да почне до крајот на годинава

Филипче: Има сериозни шанси изградбата на новиот Клинички центар да почне до крајот на годинава
  • 25.03.2019

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека очекува во предвидените рокови да завршат сите постапки и оти има сериозни шанси темелите на новиот Клинички центар да бидат поставени до крајот на годинава.

– Во овој момент се ревидира физибилити студијата за гринфилд локација. Веќе се собрани податоците на директорите на клиниките за тоа како и што претпоставуваат и сакаат да имплементираат во нивните одделенија, а во смисла на нови оперативни сали, број на кревети, согласно бројот на пациенти кои се третираат овие изминати години. Ревизијата на физибилити студијата и сите други подготвителни работи околу земјиштето очекуваме да бидат готови во мај и потоа ќе бидеме подготвени и официјално да ја почеме постапката, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата.

Посочи дека трае ревизијата и актуелната работа во врска со земјиштето во општината Ѓорче Петров и овој период го користат за да се подготват за сите активности.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top