Фетаи: Не може СЈО да направи толку добро за владеењето на правото, колку што лошо може да направи претседателот на Врховен

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во отвореното Студио 1, зборувајќи за можна смена на Катица Јанева, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, рече дека смени прво треба да се направат во некои други институции, како на пример Врховниот суд.
-Ако веќе правиме некакви смени, мислам дека треба да се почне со смени во некои други институции, како на пример Врховниот суд, кој во неколку извештаи е наведен како кочничар на правдата. Не може СЈО да направи толку добро за владеење на правото, колку што лошо може да направи претседателот на Врховниот суд, рече Фетаи.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.