skip to Main Content

Фетаи бара одговори за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

Фетаи бара одговори за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ
  • 04.10.2019

Обвинителката Фатиме Фетаи се обрати до Министерството за правда, со цел добивање одговор за екстардицијата на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се наоѓаат во Косово.

„Доколку може да добиеме конкретен одговор од Министерството за правда дали воопшто е започната постапка за екстрадиција и дали нешто преземаат косовските власти. Сите досега добиени одговори беа исти, постапката е во тек“, рече Фетаи.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

извор:локално.мк

Back To Top