skip to Main Content

Фајон: Макрон срамота е, разбуди се!

Фајон: Макрон срамота е, разбуди се!
  • 17.10.2019

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон остро реагираше на одлуката на Франција да го блокира започнувањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија.

„Голем срам е“, напиша Фајон на Фејсбук, објавувајќи фотографија со македонскиот премеиер Заев.

Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Лидерите на овие земји ги завршија своите должности! Сега е време Советот на Европската унија да го заврши  својот дел и конечно да се согласи за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“, пишува Фајон. Тања Фајон успеа да обезбеди уште еден петгодишен мандат во мај во Европскиот парламент со што Косово го задржа известувачот во ЕП.

Back To Top