skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Фазлиу: Надлежните со конкретни докази да кажат дали сум направил злоупотреби

Фазлиу: Надлежните со конкретни докази да кажат дали сум направил злоупотреби
  • 01.06.2019

Ги повикувам сите надлежни институции во државата да идентификуваат каде има непочитување на закони или било каква злоупотреба на институциите, да направат анализи и да излезат со кокретни докази пред јавноста, порача денеска министерот за локална самоуправа Сујхел Фазлиу.

-Ги повикувам тоа да го направат не само за мене, туку и за членовите на моето семејство и да ја информираат јавноста дали има некој кој во последниве 30, 50 или 100 години ги има злоупотребено инсистуциите на системот. За реакцијата од мојот татко можете да барате одговор од него, бидејќи и тој е јавна личност кој нормално треба да реагира кога во порталите се ставаат грозни наслови и обвинувате и критикувате луѓе без никаков доказ, рече Фазлиу, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека медиумите не треба да ставаат несоодветни наслови кога имаат индиции за злоупотреби, бидејќи, како што рече, такви тенденциозни наслови се ставаат само кога има сигурни докази.

Back To Top