skip to Main Content

Утре ќе се бира директор на ОТА

Утре ќе се бира директор на ОТА
  • 26.08.2018

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе одржи седница на која треба да биде предложен избор на директори на неколку институции и членови на комисии, меѓу кои и на Оперативно-техничката агенција – ОТА и главен државен ревизор.

Исто така се очекува Комисијата да донесе предлог-одлука за изменување на Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на возило во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина, како и да донесе одлука за утврдување на висината на надоместокот за закупнина на стан.

Back To Top