skip to Main Content

Се пушта во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица

Се пушта во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица
  • 22.04.2018

Од утре на пладне ќе се вози по новата делница на автопатот „Пријателство“.

Делницата Демир Капија – Смоквица се градеше шест години и со неа е комплетиран Коридорот 10 во Македонија.

На свечената церемонија што ќе се одржи на самата делница со почеток во 12 часот ќе учествува премиерот Зоран Заев.

На свечената церемонија на пуштањето на делницата Демир Капија – Смоквица ќе учествуваат претставници на Директоратот за проширување на Европската Унија, највисоките претставници на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, членови на Владата на Република Македонија, претставници на локалните самоуправи низ кои поминува автопатот „Пријателство“ од Коридорот 10 во Република Македонија, претставник на централната власт на Република Грција, и претставници на компаниите изведувачи на работите на оваа делница.

Back To Top