skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Утре на Бихаќка и дебата за промена на кадри во извршната власт

Утре на Бихаќка и дебата за промена на кадри во извршната власт
  • 25.05.2019

Утре попладне со почеток во 18 часот на Бихаќка ќе започне Центалниот одбор на кој ќе се  отвори дебата околу промените на кадрите во извршната власт и во партијата на централн ниво, но ќе се анализираат и резулатите од претседателските избори, велат партиски извори за 1 тв. Заев најави дека со метлата ќе зафати и дел од повосоката партиска структура откако разреши 78 претседатели на општинските организации. Партиски извори брифираат дека освен директори кои не биле на висина на својата задача ќе бидат опфатени и 5 или шест министри.

Од друга страна опозицискиот лидер вели дека со метењето Заев најпрво треба да почне од себе.

Метлата на Заев јавноста тешко дека ќе ја заборави.  Неодамна со герила акција , беа поставени златни метли пред сите државни инситуции.  Метлата не е обична, туку златна, зашто тоа е единица мерка за (нечие) богатство, симбол за човечката лакомост, но реално со златна метла, многу полесно се работи. За разлика од обичната метла, оваа предизвикува прекрасни чувства додека се користи, без разлика дали се користи за хигиенско чистење, ментално (про)чистување или пак кадровско чистење. Златната метла е решение за сите општествени проблеми. Ова е пораката на Единицата за брзи артивистички акции. Му порачаа на премиерот на мудроста: што можеш да завршиш денеска, не оставај за утре.

Весна Велкова Тодоровска

 

Back To Top