skip to Main Content

Уставниот суд в среда ќе ја оценува законитоста на проектот за деветкатницата во Аеродром

Уставниот суд в среда ќе ја оценува законитоста на проектот за деветкатницата во Аеродром
  • 28.10.2018

Во среда Уставниот суд ќе ја оценува законитоста на проектот за градење на деветкатницата пред „Мајчин дом“, а одлуката за донесување на деталниот урбанистички план за градска четврт И 10 во Општина Аеродром, плански период 2016 – 2021 година е осма точка на дневниот ред за седницата.

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин, претходно посочи дека единствено Уставниот суд може трајно да ја сопре изградбата на деветкатницата пред „Мајчин дом“и му замери на судот, кој со месеци не расправал по претставката од Аеродром за планот И 10.

Пред две недели, Аеродромци протестираа против изградбата на зградата на просторот пред „Мајчин дом“.  Инвеститорот Фатмир Етеми во гостување во 1ТВ истакна дека Општина Аеродром нема пари во буџетот за парично обесштетување и додаде дека ќе продолжи со градење, откако ќе се обиде на жителите на скопската населба, да им објасни дека деветкатницата нема да го загрози Аеродром.

Етеми објасни дека со проектот преевидено и зеленило, односно хоризонтални и вертикални еколошки градини, но и дека наместо да гради повеќе како што предвидува деталиот урбанистички план, ќе гради помалку од дозволеното.

Back To Top