skip to Main Content

Уставен одлучи – амнестијата за затворениците останува

Уставен одлучи – амнестијата за затворениците останува
  • 09.07.2018

Уставниот суд не поведе постапка по Иницијативата на адвокатот Сашко Дуковски за оценување на уставноста на дел од Законот за амнестија што Собранието го донесе во февруари годинава. Со овој Закон се определи амнестија за кривични дела сторени до 20 септември 2017 година, но не и после тоа.

Целта на овој Закон е намалување на бројот на затвореници во пренатрупаните затвори во Македонија. Дел од опфатените затвореници излегоа од затворите затоа што веќе издржале две третини од казната, а на дел од нив им беше намалена казната затвор.

Со Законот за амнестија не се опфатени осудените за убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување во вршење проституција, за кривични дела против државата, за злосторничко здружување, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното правo.

Овој Закон не важи и за напаѓачите кои упаднаа во Собранието на 27 април 2017 година бидејќи против нив сѐ уште се водат судски постапки и тие не се правосилно осудени.

Back To Top