skip to Main Content

Усвоен закон за практикантство, за зголемување на вработливоста на младите

Усвоен закон за практикантство, за зголемување на вработливоста на младите
  • 11.12.2018

Целосно искористување на потенцијалот на практичната работа, како и овозможување голем број млади невработени лица без практично искуство, одреден временски период да реализираат практична работа во реални услови, со што ќе станат поконкурентни и полесно потоа ќе се вклучат на пазарот на трудот, има за цел Предлог-законот за практикантство што вечерва на седница го усвои Владата.

Предлог-законот предвидува практикантот за време на практичната работа кај работодавачот да добива месечен надоместок и тоа: од 42 отсто до 74 отсто од минималната нето плата, за практикантска работа до три месеци и во висина на минималната нето плата, за практикантска работа над три месеци.

Предлог-законот што го усвои Владата ќе биде испратен до Собранието на Република Македонија.

Back To Top