skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

УКИМ дозволил додаток за исхрана да се дели бесплатно во нивниот двор – кампања за лек за концентрација крена паника меѓу студентите и родителите

УКИМ дозволил додаток за исхрана да се дели бесплатно во нивниот двор – кампања за лек за концентрација крена паника меѓу студентите и родителите
  • 25.10.2018

По паниката која што се крена на социјалните мрежи дека во дворот на УКИМ бесплатно им се делат апчиња на студентите со образложение дека се добри за концентрација, по барање на 1ТВ се огласи и Агенцијата за храна и ветеринарство. Оттаму велат дека не станува збор за лек туку за додаток во исхрана кој што е одобрен од нивна страна.

„Производот Vigorix intense, 30 капсули, произведен од “Herba Medica d.o.o Preserska cesta 5, 1235 Radomlje, Словенија” а увезен и ставен на пазарот во Р. Македонија од страна на операторот со храна Бионика Фармацеутикалс, доо ул. Скупи бр.15, 1000 Скопје” е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство како додаток на исхрана со Мислење бр. 18-5274/2 од 28.07.2015. Производот е одобрен по утврдување на усогласеноста на приложената документација за производот со националните прописи кои се однесуваат за оваа група на производи и документите – Известување од Агенцијата за лекови и медицински средства – Скопје и Стручното мислење од страна на Институтот за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија при Медицинскиот факултет од Скопје дека производот не е лек“.

Во продолжение во телефонски разговор за 1ТВ од компанијата која што го увезува додатокот во Македонија велат дека тие имале дозвола од УКИМ да го промовираат производот во дворот на комплексот факултети.

Во соопштението до медиумите уверуваат дека Вигорикс Интенс е комплетно природен производ кој во својот состав содржи: микрокапсулиран кофеин, екстракт од корен на жен-шен, екстракт од семе на гварана, витамин Б3, витамин Б6 и витамин Б12 и дека тоа е производ кој се препорачува за одржување на нормален енергетски метаболизам, одржување на нормално функционирање на имунолошкиот  систем како и намалување на заморот и исцрпеноста.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Ние во Бионика Фармацеутикалс изразуваме загриженост за  реакциите на јавноста во врска со одржаните промотивни активности на  додатокот на исхрана – Вигорикс Интенс, на кампусот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на 24.10.2018 и ја информираме јавноста дека промоцијата на Вигорикс Интенс е одржана со официјално одобрување од Управата на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил И Методиј согласно Одобрение бр. 13-29/27 од 17.09.2018 година, а за промоцијата беа ангажирани стручни лица, доктори и фармацевти вработени во компанијата Бионика Фармацеутикалс, Скопје.

Дополнително, Бионика Фармацеутикалс Скопје информира дека додатокот на исхрана Вигорикс Интенс е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија со Одобрение бр. 18-5274/1 од 16.07.2015 година кое потврдува дека производот Вигорикс Интенс на производителот Бионика Фармацеутикалс, во соработка со Herba Medica d.o.o, Словенија  ги исполнува барањата во однос на составот и означувањето пропишани со: Законот за безбедност на храната (Сл. весник на РМ бр. 157/2010, 53/2011, 1/2012 и 72/2015) и Правилникот за посебните барања за безбедност на додатоците на исхрана (Сл. весник на РМ бр. 12/12, бр. 80/13 и бр.17/15).

Уверуваме дека Вигорикс Интенс е комплетно природен производ кој во својот состав содржи: микрокапсулиран кофеин, екстракт од корен на жен-шен, екстракт од семе на гварана, витамин Б3, витамин Б6 и витамин Б12.  Производ кој се препорачува за одржување на нормален енергетски метаболизам, одржување на нормално функционирање на имунолошкиот  систем како и намалување на заморот и исцрпеноста.

Производот Вигорикс Интенс е во овластена продажба во сите аптеки ширум земјата, како и во Република Србија и во Република Словенија. За потребите на промоцијата на Вигорис Интенс, беше изработено специјално промотивно пакување, а во редовна продажба, производот може да се најде во комерцијално пакување.

Компанијата Бионика Фармацеутикал, Скопје веќе 9 години работи на македонскиот пазар. Во своето портфолио има повеќе од 30 производи, додатоци на исхрана, лекови и медицински средства. Компанијата извезува во повеќе од 8 земји во регионот и Европската Унија и е долгогодишен партнер на реномирани фармацевтски компании од светот.

Бионика Фармацеутикал, Скопје е докажана општествено одговорна компанија која се грижи за своите потрошувачи и активно помага на здруженија на пациенти и граѓански организации во остварувањето на нивните цели.

 

Back To Top