skip to Main Content

Туфегџиќ: Критиката мора да постои без разлика кој згрешил, обидот на опозицијата да профитира е очаен

Туфегџиќ: Критиката мора да постои без разлика кој згрешил, обидот на опозицијата да профитира е очаен
  • 14.08.2019

Пратеничката Ивана Туфегџиќ се огласи на својот Фејсбук профил по повод недоличната изјава на Заев поради која наиде на реакции како од голем број здруженија, но и од граѓани на социјалните мрежи.

„Поистоветување на сексуална ориентација со криминално дејание поттикнува говор на омраза, стигматизација и дискриминација кон ЛГБТИ заедницата.
Она што го читам изминативе часови, а тоа е наплив на омраза, нетрпеливост и навреди, не само кон припадници на заедницата, туку и кон нивни поддржувачи и луѓе кои се борат за човекови права е недозволиво и апелирам веднаш да се престане.
Критиката е здрава и мора да постои без разлика кој згрешил.
Криење зад лажни профили и наводна партиска поддршка е кукавичлук и ништо повеќе.
Обидот, пак, на опозицијата да профитира на тема за која ширеше говор на омраза и стигматизација, е доволно очаен сам по себе“, напиша Туфегџиќ.

 

Back To Top