skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Трпеноски во Централниот дневник на 1ТВ: Мотивација ми беше откривањето на аферата за незаконското трошење во Антикорупциска

Трпеноски во Централниот дневник на 1ТВ: Мотивација ми беше откривањето на аферата за незаконското трошење во Антикорупциска
  • 10.02.2019

Претседателските избори прв предизвик на новите членови на комисијата за спречување корупција

По речиси една година, се избраа членови на Државната комисија за спречување корупција, но и околу овој избор се појавија контроверзии. Претстојните претседателски избори ќе бидат првиот тест на новоизбраните членови. Гостин во Централниот Дневник на 1ТВ беше член на Антикорупциската, Горан Трпеноски, кој откри дека причината поради која дополнително се мотивирал да аплицира за работно место во комисијата е откривањето на корупциската афера за незаконското трошење во Антикорупциска.

„Мотивацијата ми беше новата општествена клима, формирањето на новиот закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и можноста и надежта по објавувањето на корупциската афера за незаконското трошење во Антикорупциска“.

Која е предноста од претставник на медиумите во комисијата на Антикорупциска?

„Мислам дека е добро да има новинар. Јас се изненадив што не се пријавија многу од невладините организации. Реално таа комисија треба да е на граѓанското општество и треба да има превентива и контрола на власта, односно институциите на власта“, рече Трпеноски и додаде дека изборот на баџанакот на Џафери во комисијата ќе покаже дали непотизмот ќе има влијание или работата ќе биде успешно сработена.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top