skip to Main Content

Тројца судии наредната недела ќе одлучат дали Јовановски, Милевски и Јанева ќе седнат на обвинителна клупа

Тројца судии наредната недела ќе одлучат дали Јовановски, Милевски и Јанева ќе седнат на обвинителна клупа
  • 17.10.2019

Наредната недела скопскиот кривичен суд ќе го оценува обвинението за случајот „Рекет“. Тројца судии од кривичниот совет на скопска „единица“ ќе пресечат дали ќе има судење за поднесеното обвинение од страна на шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Обвинителката, планира на обвинителна клупа да седнат Бојан Јовановски, ексшефицата на СЈО Катица Јанева и Зоран Милевски.

Во меѓувреме, од адвокатскиот тим на екс шефицата на СЈО очекуваат таа да биде пуштена во домашен притвор, по болничкото лекување на Јанева во приватната клиника „Жан Митрев“, во која и беше констатирана прединфарктна состојба.

Одбраната на Јанева смета дека има доволно причини поради нејзината здравствена состојба мерката притвор да и биде заменета со поблага мерка.

На почетокот на неделава адвокатите го добија и обвинението што го поднесе Обвинителството за организиран криминал и корупција за предметот „Рекет“. Тие велат дека подготвуваат приговор, кој ќе биде поднесен во понеделник.

-Се уште сме во фаза на припрема. Во врска со притворот, жалбата е поднесена, го чекаме решението со кое повторно ќе се одлучува за гаранцијата. Во секој случај очекуваме позитивна одлука за замена на притворот со поблага мерка – изјави адвокатката Ирена Фрчковска за „Фокус“.

Да излезе од притвор бара и првообвинетиот Јовановски, кој се жали на екстремно влошена здравствена состојба. Според неговата одбрана, тоа го спречило Јовановски да ја објасни својата верзија на случајот „Рекет“.

Back To Top