skip to Main Content

Три часа трае средбата на Заев и Мицковски за Законот за јавното обвинителство

Три часа трае средбата на Заев и Мицковски за Законот за јавното обвинителство
  • 10.09.2019

Средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски на која присуствуваат и работните групи за Законот за јавното обвинителство трае веќе три часа. Преговарачките тимови направија пауза по што продолжија со разговорите.

Во фокусот е Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и судбината на предметите на СЈО.

Вечерашната средба следи откако преговарачките тимови од двете партии во изминатиот период не изнајдоа заеднички прифатливи решенија.

Back To Top